Во тек е регулација на дел од минор коритото на Крива Река

Во тек е реализација на уште еден капитален инфраструктурен објект на територијата на општина Крива Паланка, односно „Регулација на дел од минор коритото на Крива Река –дел 1“ во должина од 926 метри, на потегот од Големиот мост до населба Бегови Бавчи. Вредноста на инвестицијата според Договорот со Изведувачот е околу 19.000.000 денари без ДДВ, средства обезбедени преку Министерство за финансии и Светска банка.

За таа цел беше извршен увид на работите на терен од страна на представници на Општина Крива Паланка и стручни лица од Министерството за финансии, Надзорниот орган како и Изведувачот „Конструктор ДОО Скопје и Сандра инженеринг ДООЕЛ Скопје“.

Притоа беше констатирано дека работите се одвиваат согласно проектната документација и  утврдениот динамички план  и дека е можно работите да бидат завршени и порано од предвидениот рок од една година од воведувањето во градба.

Големина на фонт
Контраст