Поставени столбчиња на тротоарските површини долж улицата „Св. Јоаким Осоговски“

Општина Крива Паланка во соработка со фирмата „Семафори“ од Тетово постави заштитни столбчиња на тротоарските површини долж улицата „Св. Јоаким Осоговски“ во централното градско подрачје, со цел да се обезбеди непречено движење на пешаците но и да се зголеми безбедноста на сите учесници во сообраќајот.

Активноста е врз основа на Основниот сообраќаен проект за централното градско подрачје во Крива Паланка, а во согласност со иницијативата на поголем број на граѓани и здруженија, родители и  лица со посебни потреби.

Со ова креираме позитивни навики и го подобруваме урбаниот изглед на градот.

 

Големина на фонт
Контраст