Граѓаните активно се вклучија во процесот на планирање на Буџетот за 2021 година

Во врска со изработката на Програмите и Буџетот за 2021 година, Општина Крива Паланка ја информира јавноста  дека  во процесот на планирање, на повеќе начини,  преку средствата за електронска комуникација и по писмен пат до Општината беа доставени поголем број на предлози и сугестии.

Најголем дел од предлозите се однесуваат на подобрување на локалната патна инфраструктура, водоводна и канализациона мрежа. Сите предлози се проследени до Одделението за одржување и изградба на комунална инфраструктура и по усогласувањето со Одделението за буџет и финансиски прашања ќе бидат инкорпорирани во соодветните програми.

Во отсуство на можноста за организирање на буџетски форуми, Општина Крива Паланка се заблагодарува на сите поединци и организации кои се вклучија во процесот на планирање. Освен можноста за директно вклучување на јавноста, општинските програми и оваа година ќе бидат родово сензитивно буџетирани, во насока на унапредување на родовите политики на локално ниво.

Големина на фонт
Контраст