Споделување на искуства во рамки на проектот „Спорт за сите“

Градоначалникот на Општина Крива Паланка, во текот на вчерашниот ден,  изврши прием на регионалниот координатор на програмата  „Спорт за развој” од канцеларијата на ГИЗ , Северна Македонија, кој заедно со локалното партнерство СПОРТ ЗА РАЗВОЈ од Република Косово, од општините Обилиќ и Фруш Косове ја посетија општината.

На средбата со градоначалникот Мицевски беше претставена двегодишната работа во рамки на проектот „Спорт за сите“ кој се имплементираше како пилот проект во Крива Паланка во 2019, а и годинава успешно се имплементира со финансиска поддршка од ГИЗ, во координација со ТАКТ и Општина Крива Паланка.

Двете локални партнерства разменија искуства, се дадоа предлози за нови проекти и најави за нови партнерства и помеѓу општините.

Големина на фонт
Контраст