Извршен увид во тековните активности на проектот „Мала европска куќа“

Претставникот од Делегацијата на ЕУ во РС Македонија, Антони Робертс и Филип Караѓозовски – архитект во КЛ Студио, извршија увид на градежните активности од проектот „МАЛА ЕВРОПСКА КУЌА“. Проектот се имплементира со финансиски поддршка  од Делегацијат на ЕУ во  РС Македонија, а во рамки на програмата ЕУ ЗА ТЕБЕ.

Градежните активности се во завршна фаза и наскоро Крива Паланка ќе добие простор каде што младите луѓе ќе се среќаваат, ќе учат, ќе се вмрежуваат и организираат настани, но и ќе се даваат информации за функционирањето на ЕУ, интеграцискиот процес и отворените европски фондови.

Големина на фонт
Контраст