Заврши асфалтирањето на патниот правец кон граничниот премин Голеш

Заврши асфалтирањето на регионалниот патен правец кон граничниот премин Голеш, во кој Јавното претпријатие за државни патишта инвестираше 27.000.000 денари, со што за прв пат имаме асфалт до самата гранична линија.

Градоначалникот Мицевски, заедно со вицепремиерот Љупчо Николовски, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој Николче Бабовски, извршија увид на локацијата кон граничниот премин како и на повеќе инфраструктурни проекти што се реализираат во општина Крива Паланка.

Годинава се инвестирани 21.000.000 денари на регионалниот патен правец кон с.Огут. На локалните патни правци во с.Голема Црцорија, с.Трново, с.Конопница и кон манастирот Св.Јоаким Осоговски преку АФПЗРР се инвестирани 50.000.000 денари.

Во моментот преку 87 милиони евра се инвестира во изградба на новa и модернизација на постоечката патна инфраструктура во Крива Паланка и околината, како дел од стратешкиот Коридор 8, кој е од огромно значење за регионално поврзување.

Подршката од централната власт кон општините во регионот е континиурана и значајна за локалниот економски развој. Владата и Министерството за транспорт и врски се значаен партнер на општините во поддршка на инфраструктурните проекти и подобрување на условите за живот на граѓаните.

 

Големина на фонт
Контраст