Заменик шефот на мисијата на Јапонската амбасада во посета на Крива Паланка

Заменик шефот на мисија на Јапонската амбасада во РС Македонија  г.Такахаши Сатору денеска оствари посета на Општина Крива Паланка. Во рамки на посетата г.Сатору и градоначалникот Мицевски разговараа за актуелната состојба во Општина Крива Паланка, како и евентуалните можности за продолжување и продлабочување на соработката со Јапонската амбасада.

Средбата и посетата се резултат на активностите кои беа реализирани претходната година, при што ЈКП Комуналец  доби донација во возило за собирање на смет. Помошта стаса во вистински момент затоа што во тоа време возниот парк на ова претпријатие беше во навистина незавидна состојба, со застарени и амортизирани возила кои не ги задоволуваа потребите и динамиката на работа.

– Во оваа прилика дозволете ми од мое лично име и од име на Општина Крива Паланка да изразам благодарност до Јапонскиот народ и Јапонската амбасада, г. Такахаши Сатору, НЕ Кеико Ханеда за довербата, укажаната помош со надеж дека ќе продолжиме да ги развиваме и унапредуваме нашите заеднички односи, изјави градоначалникот Мицевски.

Сатору посочи дека му е драго што присуствува на примопредавањето на оваа донација.

Донацијата на возилото за комунален отпад има за цел да ја подобри животната средина за сите граѓани на Крива Паланка кои имаат бенефит од тоа, среќен сум што со тоа ќе може да придонесеме во зачувањето на чистата средина, убавата природа и животна средина во градот и околината. Овој проект е плод на добрата соработка помеѓу амбасадата на Јапонија и општината, помеѓу Јапонскиот народ и Македонскиот народ и граѓаните на Крива Паланка и Крива Паланка како општина. Во РС Македонија и Скопје сум само неколку месеци, ми беше драго што првпат ја посетувам вашата општина и се восхитував на убавините на природата. Се надевам нашата соработка ќе продолжи и понатаму, рече Такахаши.

Посочи дека се надева оти справувањето со светската пандемија со Ковид-19 ќе биде успшно за сите народи и држави, па ќе може  да се работи на привлекување јапонски туристи во РС Македонија, секако и во Крива Паланка.

Големина на фонт
Контраст