Амбасадорката на Украина прогласена за почесен граѓанин на Крива Паланка

На свечената академија која се оджа во Крива Паланка, по повод Денот на ослободување на градот, Наталија Задорожњук, амбасадорка на Украина во Република Северна Македонија го доби признанието „Почесен граѓанин на Крива Паланка”.

 

Украина и Република Северна Македонија се пријателски земји и би сакала да го честитам празникот на кривопаланчани и да им посакам добро здравје и просперитет. За мене ова е голема награда и признание и ми дава мотив да работам уште повеќе на унапредување на билатералната соработка помеѓу двете држави, порача Задорожњук на врачувањето на признанието.

Признанието на амбасадорката Задорожњук и беше врачено во знак на благодарност од граѓаните на Крива Паланка за соработката помеѓу Општината и Амбасадата на Украина и за нејзиното лично залагање и посветеност во унапредувањето на оваа соработка.

Големина на фонт
Контраст