Започна учебната година во Крива Паланка

Учебната 2020/2021 година започна со задоцнување, во услови на Ковид-19, но за првачињата сепак е значаен ден, ден кој ќе се памети.

Основните училишта Илинден и Јоаким Крчовски подготвени ги дочекаа првачињата, а градоначалникот Борјанчо Мицевски за среќен почеток  им подари скромни подароци со училишен прибор.

Во централните објекти на основните училишта во градот, но и во средното општинско училиште „Ѓорче Петров” Крива Паланка нема да се одвива настава со физичко присуство на учениците, освен за оние од првите три одделенија, додека во дел од подрачните школи  ќе се реализира и настава со физичко присуство.

Големина на фонт
Контраст