Тековни активности за одржување на комунална инфраструктура

Во рамките на активностите за тековно одржување на локални улици и патишта во изминатиот период беше саниран стар руиниран потпорен ѕид на улица  „Калин Камен“ со што се овозможи нормално одвивање на сообраќајот, а продолжија и активностите за обнова на коловози на делови од градски и приградски улици.

Во моментот се работи на поставување на коловоз од калдрма на дел од пристапна улица „Јане Сандански“ во должина од околу 80-тина метри и просечна ширина од 3,5 м.

Работите се реализираат преку Договор склучен со ЈП Комуналец-Крива Паланка.

https://www.facebook.com/o.krivapalanka/posts/1733842800099056

 

Големина на фонт
Контраст