Заврши изградбата на локален пат во с.Голема Црцорија и с.Трново

Општина Крива Паланка преку Одделението за изградба и одржување на комунална инфраструктура во изминатите неколку месеци реализираше два значајни инфраструктурни проекти кои се целосно завршени и е издадено одобрение за употреба, и тоа:

Изградба на локален пат с. Голема Црцорија-делница од асфалт маала Рупје до маала Баратлици и крак до школо (околу 3 км) и
-Изградба на дел од локален пат во с. Трново (околу 0,5 км)

Средствата за реализација на проектите  од околу 20.000.000  денари со ДДВ беа обезбедени од Агенцијата за финансиска подршка во земјоделието и руралниот развој од Програмата за финансиска подршка на руралниот развој, како и од Буџетот на Општина Крива Паланка. Рокот за изградба според договорите беше една година, но истите беа предвреме завршени.

 

Големина на фонт
Контраст