Одржана јавна расправа за Осогово

На 26.08.2020 во Крива Паланка се одржа јавна расправа за прогласување на дел од Осоговските Планини за заштитен предел. На настанот присуствуваа и се обратија градоначалникот на Крива Паланка Борјанчо Мицевски, државниот секретар во Министерството за животна средина и просторно планирање Ана Петровска и помошник директор на ЈП Национални Шуми Маре Басова, во улога на иден управувач со заштитеното подрачје.

Генералниот заклучок кој произлезе од јавните расправи е дека  постои позитивен став и прифатливост на одлуката од заинтерсираната јавност во подрачјето, но оние прашања кои останаа недобјаснети во однос на евентуални влијанија или рестрикции врз дејноста на одредени субјекти или индивидуи во зоната на строга заштита секако ќе бидат земени предвид во период по донесување на Одлуката од страна на Владата на РСМ кога ќе се пристапи кон изработка на конкретните и деталните начини на заштита во Планот за управување со заштитениот предел од страна на идниот управител ЈП Национални Шуми.

Во тој процес, засегнатите страни директно ќе бидат вклучени преку Советот на засегнати страни и на тој начин ќе можат да ги усогласат нивните потреби со заштитата на природата и обезбедувањето на одржливиот развој.

Реализација на овој проект е поддржана од Програмата за зачувување на природата во Северна Македонија (ПЗП), проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), а координиран од „Фармахем“ од Скопје.

Заинтерсираната јавност може да ги достави своите коментари во рок од десет дена (почнувајќи од 26.08.2020г) на следната е-адреса: [email protected]

 

 

Големина на фонт
Контраст