Заврши изградбата на потпорен ѕид на улицата „11-ти Октомври“

Заврши изградбата на потпорен ѕид на улицата „11-ти Октомври“  со што е решен уште еден долгогодишен проблем со свлечиштето на локација Кадиска Чешма. Градбата е со должина од околу 40 метри, составена од 8 кампади со просечна висина од 3,5 метри.

Со изградбата на потпорниот ѕид се овозможи проширување на коловозот на улицата и обезбедување сигурен пристап на жителите од населба Чука.

Градежните активности продолжуваат на улица „Баглачка“.

Големина на фонт
Контраст