Набавка на опрема за собирање и транспорт на отпад

Општина Крива Паланка го доби првото возило за смет од 10м³ преку Проектот „Набавка на опрема за собирање и транспорт на отпад во источен и североисточен плански регион” финансиран со средства од ИПА програмата за регионален развој на Европска Унија. Со уште 2 возила кои треба да стасаат за десетина дена ќе се овозможи современ начин на собирање и третирање на отпадот во општината. Покрај набавката на возила Општина Крива Паланка ќе добие и 192 сада за отпад и ќе пристапи кон затворање на постоечката депонија во с.Конопница.

Големина на фонт
Контраст