Копаничарска колонија во манастирот Св.Јоаким Осоговски

Во организација на Здружението на копаничарите на Македонија од 15 до 22 јуни во  манастирскиот комплекс „Свети Јоаким Осоговски“ се  одржува 19та Традиционална меѓународна копаничарска колонија „Копаничарство во 2012 година“.

Копаничарите ќе творат претежно на ореово и крушово дрво, а мотивите ќе бидат од македонската флора и фауна, религијата и опкружувањето на манастирот „Свети Јоаким Осоговски“.

Паралелно со одржување на колонијата во конаците на манастирот ќе биде отворена и изложба на копаничарски дела изработени од учесниците на копаничарската школа. Овогодишните копаничарски дела ќе бидат изложени во октомври во изложбениот салон при Домот на АРМ во Скопје.

Големина на фонт
Контраст