Промовиран веб-сајтот за поддршка на локалниот туризам во Крива Паланка

Фондацијата „Со срце за Крива Паланка“ го промовираше веб-порталот www.visitkrivapalanka.com, наменет за поддршка на локалниот туризам во Крива Паланка.

На официјална промоција пред присутните претставници од управниот одбор на фондацијата, од локалните институции и граѓански организации од општината, извршната директорка на Фондацијата „Со срце за Крива Паланка“, Ирена Белешковска, го претстави порталот во кој е интегрирана целокупната туристичка понуда на градот и околината за формирање единствен пакет за домашна туристичка дестинација.

-Во контекст на заложбите и активностите на општината за промоција на Крива Паланка како туристичка дестинација и изготвената стратегија за развој на туризмот на Крива Паланка, одговорните во Фондацијата дадоа волонтерски придонес изготвувајќи го порталот www.visitkrivapalanka.com , со што ја надополнивме и кампањата што во соработка со Локалната установа Градски музеј Крива Паланка ја спроведува општината, насловена visitkrivapalanka. Порталот во пет главни менија ги содржи генералните податоци за градот, места за посета, сместувачки капацитети и ресторани, манифестации и календар на насатани, како и цркви и манастири –дел од културното и историско наследство на градот. Сето ова е надополнето со рубрики кои се своевиден водич на туристите кои ќе решат да ја посетат Крива Паланка: пробај, купи и одбери, во кои се содржани пoдатоци за трaдиционалните рецепти, најпознатите кривопаланечки симит, сарамсаклии, но и сувенирите кои се изготвени од вештите раце на кривопаланечките мајстори, уметнилки дела од академци од градот, нешта кои нема ниту еден посетител да го остават рамнодушен, во комбинација со гостопримливоста и домаќинлукот на кривопаланчани, рече Белешковска.

На почетната страница на порталот се вметнати десетина фотографии од најрепрезентативните локалции во градот, како манастирот Св.Јоаким Осоговски, испосницата на Св.Јоаким Осоговски во село Градец, езерцата на туристичкиот локалитет Калин Камен, Станечки водопади и други, а објавени се и новости и соопштенија кои ќе ги интересираат туристите.

-Сите кои беа вклучени во изработката на сајтот работеа волонтерски, почнувајќи од дизајнерот Влатко Бојковски од „Семос едукација“, Валентина Тасева од надзорниот одбор, и директор на „Семос“, кривопаланчанка по потекло, директорот на ЛУ Градски музеј, Драган Величковски, стручните сорабоници од музејот, Наталија Милковска и Дијана Ангеловска, од гимназијата , професорката по информатика, Драгана Стојановска, до вработените во општината, Лилјана Стојановска и Виктор Петровски. Дел од нив се обучија и за понатамошно доуредување и одржување на сајтот, бесплатна фотографска поддршка ни даде Надица Манева,а воедно, фотографии без надомест отстапија Ѓорги Костовски и Стојанче Величковски, за што упатувам благодарност од срце, бидејќии сетие заедно направивме прилог за поголема промоција на нашата Крива Паланка, додаде Белешковска.

На www.visitkrivapalanka.com може да се поставуваат и банери и реклами од страна на сите заинетресирани економски оператори што можат да понудат услуги од областа на туризмот.

Фондацијата „Со срце за Крива Паланка“ работи во насока на филантропијата, унапредување и поддршка на локалниот развој, на спортот, културата и образованието. Сите кои се заинетресирани можат да ја следат нивната работа и активности и да се вклучат во истите преку ФБ –страницата на Фондацијата, а наскоро најавија и Инстаграм и Твитер-профили www.visitkrivapalanka.com, се во прилог на најдобра промоција и афирмација на општината Крива Паланка.

Големина на фонт
Контраст