Промоција на релизирани проекти за развој на туризмот во Крива Паланка

Денес во големата сала во општина Крива Паланка се одржа настан за промоција и презентација на три реализирани проекти и активности за развој и промоција на туризмот во општина Крива Паланка.

Овој промотивен настан се одржа во организација на Општина Крива Паланка, Фондацијата „Со срце за Крива Паланка“ и Локалната акциона група „Осоговски лисец“.

Пред присутните гости и учесници, најпрвин беше презентирана финаланата верзија на Стратегијата за развој на туризмот со акционен план за периодот 2020-2025, изготвена со помош на Друштвото за консалтинг ТАРГЕТ КОМУНИКАЦИИ од Скопје.

На  настанот, беше презентиран и проектот за туристичко одбележување-туристичка сигнализација на Крива Паланка, од страна на претседателот на ЛАГ-от „Осоговски лисец“, Димитар Петровски, а воедно беше промовирана и веб-страницата: www.visitkrivapalanka.com, од страна на извршната директорка на Фондацијата „Со срце за Крива Паланка“, Ирена Белешковска.

Ова е првиот специјализиран сајт за туристичка промоција на Крива Паланка, изработен од страна на Фондацијата „Со  срце за Крива Паланка“  во соработка со тим од општинската администрација и авторот на сајтот Влатко Бојковски од Семос Едукација.

 

 

 

Големина на фонт
Контраст