ГИС порталот на Општина Крива Паланка достапен за корисниците

Општина Крива Паланка овозможи пристап до дел од просторните податоци со кои располага преку Веб ГИС апликацијата, поставена на веб страната на општината како нов сервис.

Апликацијата е достапна на https://gisportal.gdi.mk/visios/KPPublic со соодветно упатство за користење и овозможува ГИС податоците и содржините да се пребаруваат,  анализираат и презентираат. Во моментот се достапни податоци за урбанистичките планови, адреси, како и туристичката мапа на градот. Општината работи континуирана на зголемување на сетот на достапни податоци за корисниците, а наскоро ќе биде овозможена и форма за прибирање на податоци и комуникација со граѓаните.

ГИС апликацијата е основа за развој на концептот на „паметен град“ и претставува матица на сите просторни податоци со кои располага општината,  овозможувајќи користење на гео-податоците како стратешки ресурс за планирање и развој.

Големина на фонт
Контраст