Во Крива Паланка се уредува нова фитнес-зона

Во мајор коритото на Крива Река во завршна фаза е уредување на финтес-зона на отворено.

Активноста е дел од проектот  „Младите од Бугарија и Македонија заедно за туризам како превенција за здравјето“ што го имплементираат Центарот за развој на североисточениот планински регион и Фондацијата за здравствена превенција од Република Бугарија, во рамки на  ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу двете земји.

Во рамки на проектот во тек е изградба и на мини голф игралиште спроти градскиот парк, а во наредната фаза од проектот се предвидува ораганизирање на детски и други видови на спортски игри и натпревари, како годишна практика за децата од овој прекуграничен  регион.

 

Големина на фонт
Контраст