Акција за делење на флаери и заштитни маски на граѓаните

Комуналните редари од Одделението за инспекциски надзор во Општина Крива Паланка, мобилни волонтерски тимови  на Црвен крст Крива Паланка и полициски службеници од ОВР  Крива Паланка поделија 300 заштитни маски и над 500 флаери на граѓаните обезбедени од локалната самоуправа. Акцијата е спроведена согласно препораките на Штабот за заштита и спасување на Општина Крива Паланка за спречување на ширењето на Ковид-19.

Воедно, по препорака на кризниот штаб, Црвен крст изработи и флаери со препораки и совети за соодветна заштита, кои им беа дистрибуирани на граѓаните и вработените во институциите на подрачјето на Општина Крива Паланка, со цел подигнување на колективната свест за превенција и спречување на ширењето на Ковид-19.

Доследно и одговорно да се почитуваат сите заклучоци, мерки и препораки на Владата на Република Северна Македонија, но и заклучоците и препораките на Штабот за заштита и спасување на Општина Крива Паланка за превенција од ширење на болеста COVID-19 (корона вирус).

При тоа е потребно да се почитуваат обврските на сите граѓани на територијата на Општина Крива Паланка за задолжително носење на заштитна опрема, односно заштитни маски и заштитни ракавици. Носењето на заштитна опрема е потребно на отворен простор и во затворен простор при посета на деловни субјекти, државни или локални институции. Задолжително е носењето на заштитни маски од страна на сите вработени во деловните субјекти кои испорачуваат услуги на граѓаните преку непосреден контакт, за целото времетраење на нивното работно време во работните простории, но и задолжително носење на заштитни маски од страна на сите вработени во државни и локални институции, подрачни служби на органите на државната управа, јавните претпријатија и агенции за времетраењето на нивното работно време во работните простории.

 

 

Големина на фонт
Контраст