Работно ангажирање на невработени лица со ниски квалификации за вршење на јавни работи

Општина Крива Паланка и Агенцијата за вработување на РС Македонија ја спроведуваат мерката за ангажирање на невработени лица со ниски квалификации за активности за одржување на инфраструктура и заштита на животната средина. Мерката 6.2  е дел од  Програмата за работно ангажирање за вршење на јавни работи финансирана од  Буџетот на АВРСМ.

Општината Крива Паланка е повеќегодишен корисник на оваа програма и во  истата  учествува  со кофинансирање во износ од 20 % од  дневниот надоместок како и обезбедување на соодветна опрема , алат и превоз на ангажираните лица.

За оваа година се ангажирани 12 невработени лица кои започна  со чистење на  канали и сливници за атмосферски води, отстранување на одрони, чистење на диви депонии, кастрење на гранки надвиснати над сообраќајна инфраструктура, одржување и уредување на зелените површини и други мали комунални работи.

Големина на фонт
Контраст