Изработка на социјален план за територијата на Општина Крива Паланка

Денеска во просториите на Општина Крива Паланка започна процес за изготвување на Социјален план за територија на Општина Крива Паланка. Покрај градоначалникот Мицевски и претставници на општинската администрација учество земаа членови од Советот за социјална заштита формиран при Општина Крива Паланка, претставници од повеќе локални институции како и претставници од Здружението на пензионери,  бидејќи сите се многу важна алка во изготвување на овој документ за детектирање на социјалните проблеми во нашата општина.

Општина Крива Паланка во соработка со Министерството за труд и социјална политика и ЕПТИСА ќе работи на  детектирање на социјалните проблеми и изработка на квалитетен социјалнен план за Општина Крива Паланка  кој  ќе  овозможи соодветно насочување на ресурсите за подобар живот и справување со потешкотииите во секојдневието на луѓето кои се во социјален ризик.

Големина на фонт
Контраст