Во тек е изградба на потпорен ѕид на улица „11-ти Октомври“

Во тек е изградба на потпорен ѕид на улицата „11-ти Октомври“ во должина од околу 40 метри,  составена од 8 кампади со просечна висина од околу 3,5 метри. Вредноста на работите е околу 2.000.000 денари без ДДВ, а изведувач е фирмата „Дине Трејд“ од Крива Паланка.

Со изградбата на потпорниот ѕид ќе се овозможи проширување на коловозот на улицата и ќе се избегне нестабилниот дел –свлечиште од северната страна над Зградата за социјални работи.

 

Големина на фонт
Контраст