Започнува изработка на локална стратегија за развој на туризам во општина Крива Паланка

Денеска во општина Крива Паланка се одржа прв иницијален состанок помеѓу претставниците на Друштвото за консалтинг ТАРГЕТ КОМУНИКАЦИИ и претставници на општинската администрација предводени од градоначалникот Борјанчо Мицевски, во пристуство на претставници на невладиниот сектор.

Целта на состанокот беше изработка на локална стратегија за развој на туризмот во општина Крива Паланка, како дел од проектот кој што е финансиски поддржан преку грант од Министерството за економија. На состанокот се дискутираше за спецификите на туризмот на локално ниво, трендовите во туризмот и беше  утврдена динамиката на процесот на изработка на  стратешкиот документ.

Изработката на квалитетен, реален и остварлив стратешки план ќе го трасира правецот за развој на туризмот во општина Крива Паланка во иднина, како еден од најзначајните приоритети на локалната самоуправа, кој што е во функција на унапредување на социо-економската состојба на локално ниво.

Големина на фонт
Контраст