Во Крива Паланка ќе продолжи имплементациjата на програмата „Спорт за развој“

Втора година по ред Општина Крива Паланка и локалното партнерство „Спорт за сите“ ќе бидат дел од програмата „Спорт за развој“ поддржана од Германското друштво за меѓународна соработка (ГИЗ). Со тоа Крива Паланка може да се промовира во воздушна бања за кондициони подготовки на различни спортски клубови.

Денес во Крива Паланка се одржа координативен состанок со партнерството и градоначалникот на општина Крива Паланка.

-Радува фактот што благодарение на успешната реализација на сите спроведени активности минатата година и тимот обучени ментори од локалното партнерство во Крива Паланка, програмата спорт за развој ќе се надградува и проширува дополнително и оваа година. Ќе се спроведат обуки за наставниците од основните училишта, ќе се реализира втората фаза од обука за менторите и ќе се направи мрежа тренери спорт за развој.  Предвидено е уредување на една спортска локација, креирање и одржување спортска програма во домот за ученици „Боро Менков”, активности во училиштата и одржување на еден меѓународен летен камп за деца, изјави Магдалена Спасовска, извршна директорка на ТАКТ.

Градоначалникот Борјанчо Мицевски истакна дека со овој проект како иницијална каписла биле поттикнати низа други активности, а периодов биле реализирани или се во фаза на имплементација повеќе проекти за развој и подобрување на спортската инфраструктура во општината, со што Крива Паланка полека но сигурно, може да се промовира како град за развој на спортски туризам.

Проектот е координаран од страна на невладината организија ТАКТ од Скопје, имлементиран од страна на локалното партнерство за спорт и развој од Крива Паланка.

Големина на фонт
Контраст