Се асфалтира стариот пат кон манастирот Свети Јоаким Осоговски

Во тек е  асфалтирањето на стариот патен правец од Крива Паланка до село Варовиште кој води кон манастирскиот комплекс „Св. Јоаким Осоговски“ кај Крива Паланка. Активноста е во рамки на  проектот „Реконструкција на патна инфраструктура за пристапен пат до Манастир Св.Јоаким Осоговски-с.Варовиште”, кој Општината го реализира преку Програмата за рурален развој на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој.

Патот е со должина од околу три километри, а вредноста на проектот што ќе придонесе за промоција на туризмот и историското наследство на Крива Паланка, изнесува околу 16 милиони денари. На патот се санирани постојните свлечишта, изградени се потпорни ѕидови, поставени се риголи долж целата траса, а делови од патот се проширени, со цел непречено и безбедно одвивање на сообраќајот.

Големина на фонт
Контраст