Културно-историски парк „ГРАДЕЦ“

ЛУ Градски музеј од Крива Паланка започна со реализација на нов долгорочен проект наречен Културно -историски парк „ГРАДЕЦ“ во с. Градец, проект од големо значење за развој на туризмот базиран на културно – историското наследство.

Во 2020 година веќе се во фаза на реализирација следните подпроекти:

  1. Изработка на Локална урбанистичка планска документација за локалитет „Училиште“ и дворно место во КО Градец,
  2. Изработка на Основен проект за водоснабдување на објект „Училиште“ и црква „Св. Никола“ во с. Градец,
  3. Санација и адаптација на дел од објект „Училиште“ и дворно место во с. Градец,
  4. Валоризација на археолошки локалитет „Градиште“ во с. Градец,
  5. Заштитни археолошки ископувања на локалитет „Градиште“ во с. Градец.

Проектите се финансирани од Општина Крива Паланка и Министерство за култура.

Големина на фонт
Контраст