Улицата „Јоаким Крчовски“ во населба Белево со нов асфалт

Денес се започна со асфалтирање на улицата „Јоаким Крчовски“ во населба Белево, како дел од Програмата за изградба, реконструкција и одржување на локална патна мрежа во Општина Крива Паланка.

Вкупната должина на улицата која се асфалтира е 500 метри, со просечна широчина од 3.5 до 4 метри, а изведувач на градежните работи е фирмата „Лабино Трејд“ од Гостивар.

Финансиските средства за реализација на оваа инвестиција се во висина од 2 милиони денари и  истите се обезбедени од Буџетот на Општина Крива Паланка.

Во рамките на активностите на Општина Крива Паланка, за подобрување на патната инфраструктура во населените места,  во наредните денови ќе се изврши санирање и крепење на ударните дупки на главната и споредните улици во градот.

Големина на фонт
Контраст