Започнува реконструкцијата на тротоарите на улицата Свети Јоаким Осоговски

Градоначалникот Мицевски со претставници на стручните служби од Општината направија увид во воведот на градежните активности за изградба на тротоарите на улицата Свети Јоаким Осоговски.

Проектот опфаќа реконструкција на околу  2.8 км тротоарска  површина од десната страна на улицата Свети Јоаким Осоговски, со почеток од влезот во Крива Паланка кон централното градско подрачје. Со градежните работи ќе бидат опфатени  активности за вадење на сегашната подлога, поставување на нови рабници и поставување на бекатон површина.

Изведувач на градежните активности е економскиот оператор „Стоименов“ од Кочани,  а висината на инвестицијата е од околу 10 милиони денари обезбедени преку Бирото за регионален развој.

Големина на фонт
Контраст