Денес градоначалникот на Општина Kрива Паланка, Борјанчо Мицевски и директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски направија обиколка на започнатите активности за изградба и реконструкција на спортската инфраструктура во Општината.
Со инвестиција од околу 3 милиони денари, од денес започна изградба на ново и современо игралиште во спортскиот терен кај игралиштето на ученичкиот дом Боро Менков.
Ова современо игралиште ќе биде обложено со гумирана подлога и ќе биде опремено со реквизити за баскет на отворено.
Целосната финансиска рамка за изградба на спортското игралиште е обезбедена од Агенцијата за млади и спорт, со помош од Буџет на Владата на РС Македонија, а крајниот рок за негова реализација е 4 месеци.
-Со завршувањето на овој спортски модерен терен, кој се наѓа во непосредна близина на средното општинско училиште чии спортски терени немаат доволен капацитет, како и со користење на капацитетите на новата фитнес сала за децата од руаралните средини, кои се сместени во Ученичкиот дом Боро Менков, ќе ставиме во функција и ќе заокружиме еден комплетен спортски капацитет, во кој ќе можат да се одвиваат и сите активности по физичко образование за сите ученици од средното општинско училиште, изјави градоначалникот Мицевски.
Во рамки на денешната посета на директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски, беше направена и обиколка на завршните активности за модернизација и осовременување на Граскиот стадион, каде во текот на утрешниот ден ќе се изврши оцртувањето на белите линии на тартан атлетската патека.
Посетата беше искористена за посета на скејт паркот, како и почетните активности за изградба на мини голф теренот, чија изградба е донација од Бугарската амбасада.
Исто така, посетени беа и локациите за двата нови спортски терени кај централното градско подрачје, а кои се финасирани преку ИПА програмата за прекугранична соработка. Станува збор за фитнес зона со поставена надворешна фитнес опрема и мини голф терен, чија реализација треба да заврши во наредните дваесетина дена.
Сите овие активности за изградба на нова спортска инфраструктура и културно забавни катчиња, пред се за младите на локално ниво, е во директна корелација со реализацијата младинските политикит на Владата на РС Македонија.
https://www.facebook.com/media/set/?set=ms.c.eJxFztkNxEAIA9COIk4b~_m8sCrPD~%3Bj7ZBoVkkIKGmDUfPaB~_QBYAQ3XGBUtrT6j9oJQfpG3FZSrxB5~_K7IZzEu4XIgcsL6TOH3mvEDZXuAnKAPZ1xoEdZX2j1btROlC90FOJutAxCWLhJPwmSnwS4AtTrEHB.bps.a.1605476749602329&type=1&__xts__[0]=68.ARA5eW_0owrI-_vZi8E_Vqx9Yv0k5OiCJmHyzuU5pFKQViELeYIZKUI6RdJoFx70APVw04m15eGQbgyHMxBXrzSlvrifytOoHiUSGLEmuadgNcUkmCr3Eaw0Uhdg5YxQpN6kQlnmY1vJom7r672HbxjOB7mxZBAZCT5UGYkDBqTZDP_olWqr3Kv0pa2Qmmx-9ud1ClSdOelIxRp0RfJ4cEpiSPbI-gzKAA226dkFF92EppezDp7oqPgyFGA-0i–SMCWVplzTxgbeTnC9LKwUcEAcU9rUYkv7R1zNA8ByOrB9PuIO7ZOuYgZaQaTtZa-xTvxq2KSLHREUQTOgUp1wXGIQrcWeF14UTQRVT2DNDJvJenC5MiNLV3uGYAtuV5myYehoFoVNKW9IkA7j7HyXyP3JIM9z80WlUH8QJ9yOB537slkb9y0BPCtXMg0–Prv1AvcF6Y54v2PzEAm9P2&__tn__=HH-R




