Во Крива Паланка во моментот се градат и рехабилитираат околу 30 км патни правци со вредност од околу 90.000.000 денари

Денеска градоначалникот Борјанчо Мицевски и директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделието и руралниот развој (АФПЗРР)  Никола Бабовски направија обиколка на градежните активности на неколку локации во руралните подрачја на општина Крива Паланка.

Инвестициите на овој план и тоа за три патни правци се околу 40.000.000 денари без ДДВ или 47.000.000 денари со ДДВ. Инвестирани се 8.800.000 денари за патен правец Лиска-Стублица во с.Конопница, 13.500.000 за патен правец Крива Паланка – манастир „Свети Јоаким Осоговски“ и 17.500.000 за патни правци во с.Голема Црцорија и с.Трново.

Преку АФПЗРР се реализира и проект за модернизација на градскиот зелен пазар во висина од околу 8.000.000 денари со ДДВ, при што ќе се оспособат 170 нови локации за продажба.

Ако на оваа сума се додаде и сумата од 21.000.000 денари за регионалниот патен правец од с.Осиче кон с.Огут и 22.000.000 денари за патниот правец од с.Крстов Дол кон граничен премин „Голеш“, кои се инвестиција на ЈП Државни патишта, во моментот во Крива Паланка се градат и рехабилитираат околу 30 км локални и регионални патни правци, со вкупна вредност од околу 90.000.000 денари.

Големина на фонт
Контраст