Модернизација на градскиот пазар во Крива Паланка

Во Општина Крива Паланка започна да се реализара проектот за модернизација на градскиот зелен пазар, каде деновиве интензивно се работи на поставувања на 120 покриени метални тезги, 30 подвижни дрвени тезги, како и 20 витрини со ладилник .

Овој проект, Општината го  реализира во соработка со Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој. Вкупната вредност на инвестицијата  е во висина од 6.948.700 денари,  од кои 50% од вредноста се обезбедени директно од Буџетот на Општина Крива Паланка.

Со реализацијата на овој проект, значително ќе се подобрат условите за стандардизиран и современ начин на чување и изложување на земјоделските производи, нивно складирање и продажба, а воедно ќе се овозможат и квалитетни услови за работа на продавачите и  примање на услуги од страна на потрошувачите.

 

 

Големина на фонт
Контраст