Тетовската компанија „Еколог“ донира таблети за учениците од Крива Паланка

Општина Крива Паланка доби донација од 15 таблети од компанијата  „Еколог интернационал“,  на семејството Дестани од Тетово.

Таблетите  ќе бидат дистрибуирани на основните училишта „Јоаким Крчовски “ и  „Илинден“, а истите се наменети за ученици кои потекнуваат од социјално загрозени семејства и не се во можност да ја следат онлајн наставата.

Градоначалникот  Мицевски упати голема благодарност до фирмата „Еколог интернационал“ и семејството Дестани од Тетово, кои во овие тешки моменти покажуваат огромна општествена одговорност и донираат таблети за следење на онлајн настава на голем број општини во државата.

Големина на фонт
Контраст