Центарот за развој на североисточениот планински регион (СИПР) и Фондацијата за здравствена превенција од Р.Бугарија, на 16. 03. 2020 година започна со реализација проектот „Младите од Бугарија и Македонија заедно за туризам како превенција за здравјето“, а во рамки на ИНТЕРЕГ ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Р.Бугарија и РС Македонија.
Дел од активностите од овој регионален проект се одвиваат и во општина Крива Паланка и тоа во две фази.
Прват фаза предвидува градежни работи, односно изградба на мини голф игралиште спроти градскиот парк, како и модерна фитнес зона која е лоцирана во самиот кеј на Крива Река. Дел од реквизитите и спортските инсталации ќе бидат адаптирани за лица со попреченост.
Втората фаза од проектот предвидува ораганизирање на детски и други видови на спортски игри и натпревари, како годишна практика за децата од овој прекуграничен регион.
Целта на овој проект е да се промовира соработка помеѓу регионалните актери во областа на одржливиот туризам, промоција на здравјето, како и создавање на центар за здравствено и туристичко мрежно поврзување за деца и млади и деца со посебни потреби.