Патрон празник на училиштето „Јоаким Крчовски“

Денеска 20 Април го славиме Патрон празникот на нашето училиште ООУ„Јоаким Крчовски“ Крива Паланка. Иако се наоѓаме во вонредна состојба сепак сите вработени во нашето училиште сплотено функционираат и сме горди на  активностите и постигнувањата.

Повеќе  децении училиштето „Јоаким Крчовски“ продуцира кадри кои оставиле печат во своето време. Институција низ која поминале низа генерации, ученици, наставници, стручни соработници и технички персонал, сите со свој придонес помогнале да го подигнеме образованието на повисоко ниво. Затоа училиштето денес е модел за мултифункционално образование. Во училиштето креираме безбедна средина во која секој ученик ќе може да ги промовира и манифестира своите културни вредности и потреби. Промовираме одговорност, еднаквост и успешност и на тоа сме особено горди. Училиште кое постојано се стреми кон современото образование, кон современата образовна технологија и да обезбеди поквалитетна настава компатибилна со европското образование. Воспитуваме личности подготвени да се справат со животните предизвици и да бидат одговорни граѓани на ова наше мултукултурно општество.

Директорот, наставниците, стручните соработници и сите вработени во училиштето навистина се гордеат со трудот и успесите на учениците кои ја продолжуваат традицијата и успешната приказна која трае.

„Нашата мисла со која одиме е љубовта, нашето средство со кое осознаваме е учењето, а нашата цел кон која се стремиме е успехот“ – ова е основната мисла водилка на наставниците и учениците од училиштето која води кон подобра иднина.

На сите  наставници, стручни соработници, вработени и ученици во ООУ„Јоаким Крчовски“ им го честитаме Патрон празникот на училиштето.

Патрон празник на ООУ „Јоаким Крчовски“- Крива Паланка 2020 година – презентација 1

Патрон празник на ООУ „Јоаким Крчовски“- Крива Паланка 2020 година – презентација 2

Патрон празник на ООУ „Јоаким Крчовски“- Крива Паланка 2020 година- СПОРТ

ООУ„Јоаким Крчовски“
Крива Паланка

 

Големина на фонт
Контраст