Пакети со прехранбени производи и средства за хигиена за социјално ранливите категории

Општинскиот штаб за заштита и спасување од Крива Паланка, денес започна предпразнична акција за поделба на  социјални пакети за корисниците на „Народна кујна“ и социјално загрозените семејства од најразлични категории кои се евидентирани во системот на Центар за социјални работи, Крива Паланка. Пакетите покрај прехранбени продукти содржат и хигиенски и средства за дезинфекција како и заштитни маски и ракавици.

Денес е извршена поделба на триесетина домаќинства со околу 60 лица. Акцијата ќе продолжи и во тек на утрешниот ден, при што се планира да се опфатат дополнително повеќе од 350 семејства (корисници на гарантирана минимална помош, приматели на еднократна парична помош, корисници на услугите на Дневен центар за лица со посебни потреби, лица со посебни потреби, многудетни семејства, семејства под социјален ризик и други категории). Во акцијата е планирано да се вклучат поголем број на волонтерски тимови, здруженија на граѓани, членови на Општинскиот штаб, претставници на Совет на млади, членови на ОО Црвен Крст и поединци.

Акцијата се организира во пресрет на големиот христијанскиот празник Велигден, и во услови на прогласена вонредна состојба и органичено движење за време на продолжениот празничен викенд. Поделбата на социјалните пакети се врши согласно сите мерки за заштита, почнувајќи од пакувањето, транспортот, па се до доставувањето до семејствата, по претходно спроведена обука за начинот на делување на терен.

Средствата  се обезбедени од Општина Крива Паланка и од донации.

Благодарност за сите досегашни донатори и тоа: Универзал-С, Парк Гиновци, Зегин, Орион Комерц и пединци кои дадоа свој допринос во овие активности.

 

Големина на фонт
Контраст