Граѓаните на Крива Паланка ја почитуваат забраната за движење

Денес градоначалникот Мицевски со дел од членовите на Општинскиот штаб за заштита и спасување, направи обиколка на дежурните екипи од ОВР Крива Паланка. При тоа се информира за дводневната забрана за движење. Имено во изминатото деноноќие имало само два случаи за непочитување на полицискиот час и против сторителите се превземени соодветни законски мерки.

Граѓаните, како што  можеше и да се види при обиколката, ги почитуваат препораките на Министерството за здравство, Централниот и Општинскиот штаб.

Напоредно на тоа ЈП Комуналец и ТППЕ Крива Паланка прават дезинфекција и миење на сите јавни површини, а  во следните денови активноста ќе продолжи со дезинфекција на влезовите на колективните станбени згради, Граничен премин „Деве Баир“ и кругот на Здравствен дом „Д-р Димитар Арсов“.

Крива Паланка 12.04.2020#ОстаниДома

Posted by Produkcija Robi on Недела, 12 април 2020

Граѓаните се задоволни од превземените мерки за заштита и превенција и велат дека не им претставува посебен проблем дводневната забрана за движење. Компаниите кои се задолжени за достава на намирници се ажурни, а тука се и волонтерските тимови за помош кои можат да бидат ангажирани со повик на отворената телефонска линија.

 

Големина на фонт
Контраст