СОУ „Ѓорче Петров“ се вклучува во напорите за спроведување на on-line настава

Средното општинско училиште „Ѓорче Петров“ – Крива Паланка се вклучи во напорите за спроведување на on-line настава, под мотото „Учиме од дома, заедно можеме“.

Наставниците споделуваат материјали и задаваат задачи на учениците преку оформените групи на Viber и Messenger, истите материјали се објавуваат и на  веб страницата на училиштето www.gjorchepetrov.edu.mk, како и на  Facebook профилот. Се одржуваат on-line часови преку платформите: https://zoom.us/, https://kahoot.com/, https://www.plickers.com/, https://quizlet.com/.

СЕМОС Едукација на сите заинтересирани наставници ќе им одржи бесплатна on-line обука за изведување на on-line настава.

Стручната служба и раководниот кадар на училиштето се на располагање на учениците за сите прашања.

Големина на фонт
Контраст