Општина Крива Паланка продолжува со интензивните активности за миење и дезинфекција на јавните површини и улиците во градот

Општина Крива Паланка продолжува со интензивните активности за миење и дезинфекција на јавните површини и улиците во градот. Во акцијата покрај возила и вработени на ЈП Комуналец, со свои ресурси се вклучија и вработени на ТППЕ Крива Паланка и приватни компании.

Во текот на вчерашниот ден се одвиваше акција за миење на главните улици во градот и дезинфекција на споредните улици, а во тек на денот ќе се продолжи со дезинфекција на овие локации. Напоредно на тоа се врши редовна дезинфекција на јавни тоалети, клима уреди во рамки на институциите, а на сите Совети на станари е дадено задолжение да се извши дезинфекција во влезовите и самите колективни стамбени објекти.

МВР, заедно со епидемиолошките и санитарните служби, пазаришниот инспекторат прави редовна контрола на сите повратници од високо и средно ризични држави, како и контрола на веќе дадените мерки од страна на Главниот координанитев кризен и Општинскиот штаб.

На граѓаните им се препорачува да останат во своите домови и без неопходни потреби да не ги напуштаат своите живеалишта.

Апелираме да не се прават залихи од храна и хигиенски средства бидејќи има доволно залихи и да се остане смирен и присебен со доследно почитување на препораките за вонредна состојба.

За оние семејства кои имаат потреба од достава на храна, лекови и хигиенски средства апелираме да ја користат отворената телефонска линија 078 30 30 60 и услугите на мобилните тимови на Црвен Крст и Општина Крива Паланка.

 

 

Големина на фонт
Контраст