ЈП Комуналец започна со дезинфекција на граничен премин „Деве Баир“ и јавните површини во градот

Во насока на препораките кои се дадени од страна на Општинскиот кризен штаб и заклучоците на Главниот координативен кризен штаб донесени на втората седница одржана на 17.03.2020 година, Општина Крива Паланка во соработка со ЈКП „Комуналец“ презема активности за миење и дезинфекција на сите јавни површини, садови за смет и јавни тоалети.

Оперативниот план во првата фаза предвидува дезинфекција на ГП „Деве Баир“, а во втората фаза дезинфекција и миење на главната улица „Св. Јоаким Осоговски“ како и останатите споредни улици во градот. Напоредно на тоа ќе се врши дезинфекција на садовите за собирање на смет и јавни тоалети.

План за дезинфекција на ЈП „Комуналец

Големина на фонт
Контраст