Отворена изложбата „По патот на една легенда од 11-ти век“

Вчера во просториите на Центарот за култура во Крива Паланка беше отворена изложбата на фотографии од планинарскиот водач Стојанче Величковски посветена на 12-тото планинарско патешествие кое ќе се реализра на 19 мај од Лесновскиот до Осоговскиот манастир.Честа први да го видат своевидниот фото-есеј ја имаа преседателот на Федерацијата на Планинарски спортови на Македонија проф.др. Јовица Угриновски, како и делегација од претседателството на Планинарскиот сојуз на Црна Гора, г.Павле Бандовиќ  и г.Бранко Перовиќ (учесник на 4М1с во 2010), кои што беа придружувани од градоначалникот на Крива Паланка г-дин Арсенчо Алексовски и неговите соработници.

Aвторот на изложбата ги искористи 30-те фотографии за да ги поведе сите присутни на изложбата на едно визуелно патување, запознавјќи ги со природните реткости, културните знаменитости, скриените убавини, подзаборавените преданија и сите мали и големи нешта кои авторот на оригинален начин ивентивно ги склопува во мозаикот кој ја ожиевеа Легендата од 11-ти век во своевидна туристичка атракција како трекинг патека.

На официјалниот дел на отварањето на изложбата пригодна беседа за авторот одржа дописникот за Дневник г-ѓа Жаклина Цветковска, а изложбата за отворена ја прогласи директорот на Центарот за култура г-дин Александар Рангелов.

 

Големина на фонт
Контраст