Потпишан меморандум за соработка со Институтот за добро управување и евро-атлански перспективи

Градоначалникот Борјанчо Мицевски денес потпиша Меморандум за соработка со претседателот на Институтот за добро управување и евро-атлански перспективи од Скопје, Бобан Кордалов.

Со потпишувањето на овој Меморандум се воспоставува соработка помеѓу  Институтот за добро управување и евро-атлански перспективи (ИДУЕП) и Општина Крива Паланка, а целта е да се промовираат добрите практики во сферата на доброто управување и евро-атланските перспективи и поттикнување на заложбите за транспарентност, дигитализација и двонасочна комуникација.

 

Големина на фонт
Контраст