Работилница за антикорупциски политики и механизми на локално ниво

Денес во општина Крива Паланка се одржа работилница за подобрување на антикорупциските политики, механизми и практики во општината.

Оваа работилница се реализира од страна на НВО Инфоцентарот, во рамки на проектот „Рефлектор врз антикорупциските практики на локално ниво“, финансиски поддржан од УСАИД.

Целта на проектот е намалување на корупцијата преку подобрен интегритет на  локалните институции и иницирање промени во управувачката култура на институциите со препораки за преземање мерки за надминување на утврдените слабости, заради унапредување на работењето на локалните власти.

Обучувачи беа Герман Филков и Билјана Бејкова, а како гостин-предавач учествуваше и претседателката на Државната комисија за спречување корупција (ДКСК), Билјана Ивановска.

Работилницата беше фокусирана  на законската рамка и обврските на општините, подобрување на политиките и механизмите за борба против корупција и начините за подобрување на комуникацијата и соработката со ДКСК.

Денешната работилница имаше едукативен и информативен карактер и првенствено беше наменета за градоначалникот, секретарот на општината, раководителите на сектори и одделенија, инспекторите, внатрешните ревизори, лицата за односи со јавноста, советниците и други службеници од општината и јавните локални институции.

 

Големина на фонт
Контраст