Директорката на УЈП Сања Лукаревска во посета на општина Крива Паланка

Директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска беше во посета на општина Крива Паланка.
Лукаревска оствари работна средба со градоначалникот Борјанчо Мицевски, со кој разговараа за актуелните  состојби, за резултатите од новитетите во даночните процедури, поедноставените постапки, како и подобрување на даночната клима и даночната култура на даночните обврзници.

Во рамки на посетата, Лукаревска имаше средба и со стопанствениците со кои се дискутираше на повеќе теми од даночната сфера, за повратот на ДДВ кон компаниите и физичките лица, новините во ваучерскиот систем, за даночните олеснувања при донации во спортските клубови и сл.

На средбата стопанствениците ја информираа директорката на УЈП за проблемите со коишто се соочуваат при работењето и дискутираа за можни решенија.

Директорката Лукаревска изјави дека ваквите средби на кои можат да се слушнат и директни забелешки и сугестии од страна на фирмите и граѓаните, се од обострана корист и ќе настојува да продолжат и во иднина, а се во насока на унапредување на работата на УЈП и со цел да се надминат сите евентуални проблеми.

Големина на фонт
Контраст