Програмата ROMACTED ќе се спроведува во Крива Паланка

Градоначалникот на Општина Крива Паланка Борјанчо Мицевски оствари средба со проектниот менаџер на програмата ROMACTED Маркос Андраде, со проектните раководители и преставници на Асоцијацијата за демократски развој на Роми  „Сонце“ од Тетово.

На средбата беше презентирана заедничката програма на Европската унија и Советот на Европа –  Промовирање на добро управување и зајакнување на Ромите на локално ниво (ROMACTED), а се разговараше и за актуелната состојба на Ромите во општината, секојдневните проблеми со кои се соочуваат како и за начините за нивно решавање.

Општина Крива Паланка е една од општините во РС Македонија каде што ќе се спроведуваа програмата ROMACTED.

Големина на фонт
Контраст