Општина Крива Паланка ќе добие околу 1.000.000 евра за подобрување на локалната патна инфраструктура

Стартуваше имплементацијата на проектот „Македонија без кал“ со кој ќе се санираат локални патишта и улици во должина од 450 километри во 80 општини и Град Скопје, со 70 милиони евра кредит од Светска банка.

Градоначалниците и министерот за транспорт и врски Горан Сугарески денеска во Владата потпишаа Меморандум за соработка со што стартуваше проектот, што треба да ја подобри патната поврзаност, безбедноста на сообраќајот и локалниот и државниот економски развој. Првиот тендер од проектот со кој е предвидена санација на патишта во должина од 23 километри во вредност од пет милиони евра е веќе доставен на одобрување во банката.

Со потпишувањето на овој Меморандум, општина Крива Паланка ќе добие околу 1.000.000 евра за подобрување на локалната патна инфраструктура.

Големина на фонт
Контраст