Покана за учество на манифестацијата „Невестинско поклонение на Свети Теодор Тирон 2020“

Општина Крива Паланка започна со подготовките за реализација на  културната  манифестација „Невестинско поклонение на Свети Теодор Тирон 2020“.

По тој повод, Општината ги повикува сите заинтереситани да земат учество на манифестацијата која ќе се одржи на ден 08.03.2019 година во црквата Свети Теодор Тирон во село Конопница.

Право на учество имаат сите снаи кои имаат склучено брак помеѓу две Тодорови саботи, заедно со своите свекрви облечени во народни носии.

Сите заинтересирани учеснички можат да го пријават своето учество кај координатор на манифестацијата, Стојанче Величковски (РЗР ПАТНИК) 070 321 234 или во Одделението за јавни дејности, економски развој и информатичка технологија при Општина Крива Паланка или  на телeфон 076 363 744.

Се очекува манифестацијата да привлече голем број на добронамерници кои со нетрпение го очекуваат почетокот на оваа уникатна манифестација, која се организира под покровителство на Општина Крива Паланка, а во организација на РЗР ПАТНИК, со поддршка од Месната заедница на село Конопница, Центарот за култура и Градскиот музеј Крива Паланка.

Големина на фонт
Контраст