Потпишана повелба за пријателство и соработка помеѓу град Жупања и Општина Крива Паланка

Делегација од општина Крива Паланка предводена од градоначалникот Борјанчо Мицевски е во посета на градот Жупања, Република Хрватска. Во рамки на официјалната посетата, денес беше потпишана Повелба за пријателство и соработка меѓу град Жупања од Р. Хрватска и Општина Крива Паланка од РС Македонија.

Повелабата за пријателство и соработка свечено ја потпишаа градоначалникот на град Жупања, Давор Миличевиќ и градоначалникот на општина Крива Паланка, Борјанчо Мицевски.

Целата на ова ново пријателство меѓу двете општини е унапредување на взаемните односи, размена на искуства во насока на подобрување на економскиот, социјалниот и културниот развој, градење на блиски врски, размена на искуства и широка соработка на полето на културата, младите и спортот, како и во други области од општествениот живот,а се  со цел, развој и благосостојба на локалните заедници.

 

Големина на фонт
Контраст