Отворена општинска канцеларија за социјални работи

Вчера во работна посета на Општина Крива Паланка беше Санела Шкријељ, дополнителен заменик министерка за труд и социјална политика.

Во рамки на оваа посета,  дополнителената  заменик министерка, Санела Шкријељ заедно со градоначалникот на Општина Крива Паланка, Борјанчо Мицевски, директорот на ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа, Гоце Цветковски, како и претставниците на општинската администрација и Советот на Општината, ја пуштија во употреба општинска канцеларија за социјални работи.

Отварањето  канцеларијата  е  дел од мрежата на канцеларии што МТСП ги отвори во соработка со општините за да обезбеди директна поддршка  за локалната  власт во насока на обезбедување на еднаков пристап на сите граѓани до социјалните права и услуги.

Канцеларијата е опремена преку аплициран проект и во соработка со Министерството за труд и социјална политика и Меѓуопштинскиот центар за социјални работи.

Големина на фонт
Контраст