Одржана јавна дебата за План за управување со животната средина и социјални аспекти на проектот „Крива Паланка – Источна порта кон Европа (Фестивалска туристичка атракција)”

Денес во салата на Советот при Општина Крива Паланка  се оддржа јавна дебата, со цел презентација на Планот за управување со животната средина и социјални аспекти на проектот, изработен за потребите на проектот „Крива Паланка – Источна порта кон Европа (Фестивалска туристичка атракција)”.

Проектот се однесува на реконструкција на постоечкиот централен градски плоштад, што Општина Крива Паланка ќе го имплементира во рамки на проектот за локална и регионална конкурентност (ПЛРК), финансиран со грант од Инструмент за претпристапна помош II на ЕУ (ИПА II) и ко-финансиран од Владата на Република Северна Македонија, администриран од страна на Светска Банка, преку доверителски фонд (Доверителски фонд за локална и регионална конкурентност во туризмот).

Големина на фонт
Контраст